More

    Волстрит Џурнал објави што заклучило американското разузнавање за нападот

    spot_img

    Разузнавањето на САД примило „високо доверливи“ сигнали што покажуваат дека експлозијата во болницата во појасот Газа вчера била предизвикана од групата милитанти Исламски џихад од Палестина, напиша денеска весникот Волстрит џурнал повикувајќи се на американски службеници. Со ова се потврдуваат уверувањата на Израел дека земјата не е одговорна за смртоносната експлозија, се тврди во статијата.

    Според весникот, службениците укажале дека проценката на САД е заснована на пресретнати комуникации и друго разузнавање собрано од одбраната на САД.

    – Тековната проценка базирана на анализа на слики од воздух, пресретнати и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за експлозијата во болницата во Газа – изјави Адриен Ватсон, портпаролка на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за овој инцидент.

    – Јас сум во длабока жалост и во гнев поради експлозијата во болницата во Газа вчера и засновано на тоа што го имам видено изгледа дека е сторено од другиот тим, не од вас – изјави денеска претседателот Џо Бајден стоејќи со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Службениците истакнале дека Израел со САД споделиле своја независна разузнавачка проценка пред пристигањето на Бајден во Израел, делумно и во обид да ги отфрлат обвинувањата.

    Подоцна Бајден им кажа на новинарите дека изјавата е базирана на „податоци што ми беа покажани од Министерството за одбрана“. Од Пентагон упатија на Белата куќа.

    Арапските лидери продолжуваат да тврдат дека Израел е одговорен за експлозијата што според министерот за здравство на Газа, контролирана од Хамас, убила 471 лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img