More

    Законодавниот дом ги прекршил условите за користење на платформата

    spot_img

    Јутјуб ја блокираше телевизијата Дума која емитува програма од Долниот дом на рускиот парламент, што наиде на лут одговор од официјалните лица кои рекоа дека како одговор на тоа најпопуларната услуга за стриминг во светот може да се соочи со ограничувања во Русија.

    Денеска, во пораката на Јутјуб се вели дека каналот на Дума е „прекинат поради прекршување на Условите за користење на Јутјуб“.

    Јутјуб, во сопственост на Гугл, беше под притисок од рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор и официјалните лица брзо реагираа.

    „Како што изгледа Јутјуб сам си потпиша налог за затварање. Зачувајте ја содржината, префрлете ја на руски платформи. И побрзајте“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, на сервисот за пораки Телеграм.

    Надзорот за комуникации соопшти дека побарал од Гугл веднаш да го врати пристапот до каналот Дума.
    „Американската ИТ компанија се придржува до изразената антируска позиција во информациската војна што Западот ја покрена против нашата земја“, соопшти Роскомнадзор.

    Компанијата за Ројтерс изјави дека е посветена на усогласеноста со сите важечки санкции и закони.

    „Доколку откриеме дека профилот ги прекршува нашите Услови за користење, преземаме соодветни мерки. Нашите тимови внимателно ја следат ситуацијата за какви било ажурирања и промени.“

    Вјачеслав Володин, спикерот на Думата, рече дека потегот на Јутјуб е дополнителен доказ за кршење на правата и слободите од Вашингтон.

    „САД сакаат да добијат монопол за промовирање информации. Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, рече Володин на Телеграм.

    Русија веќе го ограничи пристапот до Твитер и платформите Фејсбук и Инстаграм на Мета, по воената инвазија врз Украина на 24 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img