Пет починати и вкупно 855 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Македонија, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Во однос на претходниот месец август 2023 (n=112), се регистрира зголемување на бројот на пријавени од ковид-19 за 7,6 пати, a во однос на месец септември 2022 (n=2.525) се регистрира намалување на заболените од 66,1%“, информираат од ИЈЗ.
Од заболените во септември 2023, најголем број на заболени (n=363) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (430,1/100.000) се регистрира во Кавадарци. Регистрираи се 347 реинфекции.Во текот на месецот пријавени се пет починати лица.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години (n=372; 43,5%).
„Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец септември се тестирани вкупно 2.464 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 5 пати повеќе во однос на минатиот месец (n=512)“, пишува во извештајот на ИЈЗ.