More

    Борел предупреди дека ЕУ тоа не може да го прифати

    spot_img

    Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел јасно посочи дека Европската унија „не може да прифати“ тоа што Израел го запре снабдувањето со вода за населението во Газа, со што „очигледно“ го прекршува меѓународното право.

    – Прекинот на водоснабдувањето на заедницата под опсада е спротивно на меѓународното право. Ние не можеме да го прифатиме тоа – рече Борел пред Европскиот парламент во Стразбур.

    Тој истакна дека истиот став на ЕУ бил и за војната во Украина.

    – Тоа беше ставот на ЕУ кога станува збор за Украина, каде руските сили ги опседнаа заедниците и ја прекинаа водата, а истото треба да биде и кога станува збор за Газа. Јасно е наведено дека лишувањето на човечката заедница под опсада од основно снабдување со вода е спротивно на меѓународното право – во Украина и во Газа. И ако не можеме да го кажеме тоа, за двете места, ни недостасува морален авторитет неопходен за да се слушне нашиот глас – потенцира Борел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img