Народна банка објави брошура за безбедно користење на дигиталните финансиски производи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Народната банка објави брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги. Во неа граѓаните можат да најдат информации за тоа како безбедно да ги користат дигиталните финансиски производи и услуги како да ги заштитат своите уреди и своите лични податоци, како и за тоа што треба да преземат доколку се посомневаат во онлајн измама.

– Дигитализацијата носи многу погодности, но исто така и закани поврзани со кибербезбедноста. Сведоци сме дека насекаде во светот има случаи на измами поврзани со користењето дигитални услуги, токму затоа важно е граѓаните при користењето на алатките за онлајн финансиски производи и услуги, да знаат како да ги заштитат своите податоци, а со тоа и својот идентитет и имот од можни злоупотреби. Народната банка делува проактивно, преку финансиската едукација којашто ја спроведува, придонесувајќи за подигнување на свеста на јавноста за можните опасности од споделувањето на личните податоци преку дигиталните канали и им дава совети на граѓаните за тоа како треба да ги користат придобивките од дигитализацијата, а притоа да бидат безбедни – соопшти Народната банка.

Share This Article