Најпосакувани дестинации годинава се Истанбул и Базел

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30% на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15% во однос на 2019 година, соопшти ТАВ Македонија.

Во овој период вкупно 2,4 милиони  луѓе патувале преку двата аеродрома, во Скопје и Охрид.Во однос на бројот летови за истиот период, годишниот пораст е 19%, односно 5% споредено со 2022 и 2019 или на аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани и опслужени вкупно 17. 683 летови.

– Очекуваме до крајот на оваа година, со новите линии и новите авиокомпании кои влегоа на македонскиот пазар, заедно со извонредноста во нашите услуги што ги даваат нашите посветени и ориентирани кон клиентите колеги, ќе ја заокружиме 2023 година како година на рушење нови рекорди, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година, биле Истанбул (двата аеродрома, IGA и Sabiha Gokcen со 10,8% пазарен удел), Базел Милуз (6,1%), Цирих (5,5), Виена (4,7), Дортмунд (4,5), Франкфурт (4,2), Минхен Меминген (4,1), Анталија (4), Малме (2,6) и Келн (2,6%).

Топ 5 земји со директни летови за јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3% удел на пазарот), Турција (16,9) Швајцарија (13,4), Шведска (6,7) и Италија (6,5 %).

Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за деветте месеци од 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници (60,2% удел на пазарот), потоа Turkish Airlines (7,4), Pegasus Airlines (6,1), Austrian Airlines (4,7), Chair Airlines (3,7).

Најчеста дестинација за патување за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, од охридскиот аеродром е Базел (21,5% удел на пазарот), потоа Виена (21), Дортмунд (16,4), Меминген (11,9), Малме (9,4), Цирих (9,3), Амстердам (8,8), а останатите дестинации имаат 0,5%.

Според распоредот на летови, од Меѓународниот аеродром Скопје летаат 14 авиокомпании до 41 дестинација, додека на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ 2 авиокомпании летаат до 6 дестинации.

Годинава, две нови авиокомпании влегоа на македонскиот авијациски пазар, Lufthansa и Norwegian, со редовни или сезонски летови до Франкфурт, односно Осло.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, од скопскиот аеродром SunExpress најави дека чартер летовите до Измир и Анталија ќе продолжат да сообраќаат како редовни летови од претстојната зимска сезона, а Wizz Air започна со редовни летови до Љубљана. Дополнително, AEGEAN, од 2 октомври 2023 година започна да лета до Сараево. Охридскиот аеродром имаше одлична летна сезона засилена со сезонските и чартер летови до Белград, на Air Serbia и до Манчестер и Лондон (Гетвик), на TUI.

Share This Article