More

    Масакрот на болницата во Газа наиде на лепеза од осуди во Македонија

    spot_img

    Ракетниот напад врз болницата во Газа, во кој загинаа најмалку 500 луѓе, наиде на осуди и во македонската политичка јавност.

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук порача дека сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат.

    „Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“ – напиша шефот на македонската дипломатија на својот фејсбук-профил.

    Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами го осуди, како што напиша, нападот на Израел врз болница во Појасот Газа оценувајќи го како геноцид. Касами побара меѓународна истрага.

    „Злосторство e нападот врз болница во Газа од страна на државата Израел, во кој загинаа над 500 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. Изразуваме осуда и бараме итно меѓународна истрага бидејќи станува збор за чист геноцид!“, напиша Касами на Фејсбук.

    Партијата Алтернатива издаде соопштение во кое се осудува нападот врз болницата во Газа.

    „Како што соопштија медиумите, нападот на Израел врз Појасот Газа, со цел одмаздување кон неодамнешниот напад на Хамас, од денес зазема тешки размери. Израелскиот напад опфатил бомбардирања на болници, училишта и населени згради, извршувајќи при тоа убиство на повеќе од 3.000 цивили, од кои околу 1.000 се деца, а над 1.000 се жени. Освен нив, преку 1 милион луѓе се веќе преселени од нивните домови или се останати без кров над глава. Но, фактот што вечерва на нападот врз болницата „Ал Ахли“ во Газа се убиени над 500 цивили, треба да биде последниот аларм за светот дека осветувањето го допира дното.

    Како партија која се залага за почитување на човечките права, без обзир на нивниот етнички и религиозен идентитет, Алтернатива смета дека тоа што се случува во Газа зазема размери на воено злосторство, кое утре може да се третира и како геноцид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img