More

    Нападот врз болницата во Газа го налути палестинскиот претседател

    spot_img

    Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја откажа планираната средба со американскиот претседател Бајден по нападот врз болницата во Газа, јавија повеќе светски медиуми повикувајќи се на „високи палестински извори“. Средбата требаше да се одржи утре во Јордан.

    Абас требаше да им се придружи на јорданскиот крал Абдула Втори и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси на самитот во Аман каде што со Бајден требаше да разговараат за војната меѓу Израел и Хамас.

    – Претседателот е многу лут по веста за израелскиот масакр во болницата во Газа и реши веднаш да се врати во Рамала – рекол еден палестински функционер, кој сакал да остане анонимен, бидејќи откажувањето не е официјално соопштено.

    Најмалку 500 лица загинаа откако ракета падна врз болницата Ал Ахли во Газа вечерва. Палестинските власти го обвинија Израел за нападот, додека изралската армија рече дека го испитува случајот.

    Нападот беше осуден од генералниот директор на Светската здравставена органзизација, Тедрос Аданом Гебрејсус.

    Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, нагласи дека таргетирањето на цивилната инфраструктура во Газа го прекршува меѓународното право.

    Шефот на Арапската лига Ахмед Абул Геит ги повика западните лидери „веднаш да ја прекинат оваа трагедија, додавајќи дека „арапските механизми ќе ги документираат овие воени злосторства и криминалците нема да се извлечат со своите постапки“.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече наводниот напад „последниот пример лишен од најосновните човечки вредности“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img