Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Пекинг се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и дека имале краток разговор.
Го видов претседателот Путин и разговаравме кратко, многу кратко, немавме билатерална средба“, рече Вучиќ.
На новинарите им рече дека забележал оти претседателот на Русија, како што рече, „пука од самодоверба“. „Видов дека тој имаше важна и долга средба со кинескиот претседател Си и унгарскиот премиер Орбан. Зборував со Орбан за претстојната седница на Европскиот совет и за некои други игри што се играат околу нас и за некои други работи. Мислам дека беше корисно“, изјави Вучиќ.
Вучиќ престојува во Кина, каде меѓу многу други договори беше потпишан и Договорот за слободна трговија со Кина.