НА КОСОВО МУ СЕ ЗАКАНУВА РЕЦЕСИЈА Инфлацијата е на рекордно ниво

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Стопанската комора на Косово (ОЕК), Берат Рукиќи вели дека поради економската криза, инфлацијата во Косово се очекува да биде меѓу највисоките во историјата на земјата од војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за порталот „Економиа онлајн“ Рукиќи предупреди дека тоа директно ќе влијае на благосостојбата на граѓаните и дека може да доведе до „криза на понудата, што се поврзува и со можен недостиг на одредени намирници“.

– Се работи за висока инфлација и сигурно ќе биде меѓу највисоките во повоената историја. Поради тоа ќе имаме многу предизвици, бидејќи порастот на животните трошоци директно ќе се одрази врз благостостојбата на граѓаните. Тоа ќе се одрази генерално на потрошувачката на ниво на државата, што ќе влијае и на индикаторите на економскиот раст. Сега сме во фаза кога може да имаме криза на понудата што се поврзува и со можен недостиг на одредени намирници и тоа само го зголемува проблемот со инфлацијата – изјави Рукиќи.

Тој ја повика Владата да преземе сé што ево нејзина моќ за земјата да не западне во економска рецесија.

– Затоа апелираме до Владата да ги искористи сите можни политики за земјата да не дојде во опаност и да западне во економска рецесија. Секој кој што вели дека нема криза само го игнорира проблемот, бидејќи високата инфлација е знак на криза – порача Рукиќи.

Како мерки кои што треба да се преземат, претседателот на ОАК ги наведува преиспитувањето на висината на данокот на додадена вредност, суспендирањето на одредено време на прибирањето на акцизата за нафта и нафтени деривати, преиспитување на висината на платите согласно инфлацијата и субвенционирање на дел од транспортот на стоки.

– Не оти Косово во целиот повоен период било атрактивно за странските инвестиции, така што не можеме да зборуваме за некаква опасност поради тоа што нема висок степен на инвестиции. Мерките треба да се комбинираат кога е во прашање проблемот на инфлацијата. Во разни земји има разни монетарни политики кои ние ги немаме. Ние треба да ја зачуваме динамиката на економски раст, што ќе овозможи бизнисите да не страдаат поради падот на куповната моќ – изјави Рукиќи за „Економиа онлајн“.

Share This Article