Годинешната државна награда „23 Октомври“ за остварување во областа на науката и образованието му се доделува на тимот за трансплантација на црн дроб, реши Одборот за доделување на наградата.
Членови на наградениот тим се проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.
Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.
Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Одборот.