More

    Хамас објави видео од киднапираното девојче, мајката го моли светот да ја врати дома

    spot_img

    Хамас објави видео на кое се гледа младата Израелка Маја Шем (21), која беше киднапирана на 7 октомври од музички фестивал, кога оваа милитантна група изврши инвазија на израелска територија. Нејзината мајка потоа одржа прес-конференција, барајќи од светот да и помогне да се ослободи нејзината ќерка.

    На видеото се гледа девојка на која раката е повредена, а раната е преврзана. Девојчето потоа зборува пред камерата на хебрејски, наведувајќи дека се вика Маја Шем и дека е од централен Израел. Повремено гледајќи од страна, вели дека е во Газа и дека киднаперите се грижат за неа.

    „Мојата рака е тешко повредена. Имав операција во болница во Газа, која траеше три часа. Се грижат за мене, ми даваат лекови, се е во ред. Единствено што сакам е што поскоро да бидам вратен дома кај моите родители. Изведете ме одовде што е можно поскоро. Ве молам“, рече Маја од заробеништво.

    Ова е прва снимка од заложник објавен од Хамас откако пред точно 10 дена изврши напад врз Израел.

    Фестивалот, кој се одржа во пограничната област долж Појасот Газа, беше една од првите мети на Хамас. Стотици љубители на музиката се собраа на фестивал во пустината, а забавата беше прекината со крвопролевањето на Хамас, чии милитанти по случаен избор ги застрелаа младите посетители, додека некои од нив киднапираа и ги носеа во Газа како заложници.

    Откако Хамас го објави видеото од киднапираното девојче, нејзиното семејство одржа прес-конференција во Тел Авив. Држејќи ја фотографијата од нејзината ќерка, мајката на Маја, Карен Шарф Шем, рече дека го видела своето „мало девојче на телевизија“ и веќе слушнала „гласини дека била застрелана во рамото или во ногата“.

    „Изгледа како да е преплашена. Изгледа како да има многу болки“, изјави Карен Шарф Шем.

    „Го молам светот да го донесе моето девојче дома. Таа отиде на фестивалот само да се забавува, а сега е во Газа. Ова е злосторство против човештвото и сите ние треба да се собереме и да го запреме овој терор и да ги вратиме сите дома“, рече таа.

    Мајката нагласува дека животот на нејзината ќерка е во опасност и дека и е потребна лекарска помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img