Амбасадорот на Израел во Хрватска, Гери Корен, на Нови Дан на телевизијата N1 зборуваше за ситуацијата во неговата земја и последниот во серијата конфликти со палестинскиот Хамас, што започна по упадот на командоси на Хамас во Израел на 7 октомври. Во овој напад загинаа повеќе од илјада Израелци, а по него Израел не ги прекинува воздушните напади на Појасот Газа и најавува копнена офанзива.
Голем број хрватски државјани кои биле во Израел, главно аџии, успеале да се вратат дома по избувнувањето на конфликтот.
Меѓутоа, Корен вели дека има Хрвати во Појасот Газа, област под контрола на Хамас.
„Не сум сигурен, мислам дека ги има околу 400. Тие се Палестинци со двојно државјанство и сега се прават напори, со посредство на САД, овие луѓе безбедно да се вратат преку Египет. Дел од тоа се случи вчера, не знам што е со оние што имаат хрватски пасош, веројатно вашата амбасада во Тел Авив има подобар увид во тоа. Сигурен сум дека одлично си ја вршат работата“, заклучи Корен во Нови Дан, зборувајќи на оваа тема.
Тој, исто така, откри дека повеќе од 300 Израелци од Загреб, Љубљана и Белград се вратиле во Израел од почетокот на последниот во серијата конфликти.