Полициската управа од Нови Сад соопшти дека запленила околу 34 килограми марихуана и привеле две лица.
Во соопштението се наведува дека во викендицата и станот на пријавениот се пронајдени 14 килограми сурова и околу 20 килограми сушена марихуана, како и две дигитални ваги за прецизно мерење.
За неовластено производство и пуштање во промет на наркотици се товарат М.Т.(39) и М.В.(44) од Нови Сад.На нив им е одреден притвор до 48 часа и ќе бидат спроведени во Обвинителство.