More

    Отворање изложба и промоција на книга на Татјана Миљовска

    spot_img

    Во галеријата Метаноја на 18 октомври (среда) во 19 часот Издавачката куќа Темплум и галеријата Метаноја ќе ја промовираат книгата „Духовното во апстрактното сликарство“ на македoнската ликовна уметница Татјана Миљовска и истовремено ќе отварат нејзина изложба.

    Ќе бидат изложени слики творени во последните шест години, изработувани напоредно со теоретското дело „Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство“.

    Главна преокупација на авторката е возобнување на духовните стремежи во современ контекст, а врз основа на темелите поставени од историската авангадра, во време на длабока криза во којашто е западнато нашето општество. Преку сликарството авторката ја истражува и открива визијата за примарната духовност, која на почетокот на овој век се манифестира како еколошко просветлување и ни ја предочува основната човекова предиспозиција за создавање хармоничен однос со природата, благодарение на интуицијата и креативната емоција“ – се вели во рецензијата на книгата.

    Промотор на книгата ќе биде Никола Гелевски од издавачката куќа Темплум, а изложбата ќе ја отвори д-р Коста Милков од галеријата Метаноја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img