Западен функционер тврди дека Русија ја реорганизирала командата за операциите во Украина, наведувајќи дека новиот генерал има големо искуство во борбените операции во Сирија.Зборувајќи за Би-Би-Си под услов да остане анонимен, изворот рече дека командантот на јужниот воен округ на Русија, генералот Александар Дворников, сега ја води инвазијата.
„Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, очекуваме подобрување на целокупната команда и контрола“, рече изворот.
На овој начин, Русите сакаат да ја подобрат координацијата меѓу различните единици, бидејќи претходно руските единици биле командувани одделно.
Русија се бореше да ги постигне своите цели во изминатите 44 дена од инвазијата. Тие не успеаја во обидот да го заземат Киев, а потоа ги пренасочија своите напори во регионот на Донбас.