Руското Министерство за правда во денешното соопштение соопшти дека ја укинало регистрацијата на 15 странски организации, вклучително и на „Амнести интернешенел„ и на „Хјуман рајтс воч“, јавија западните медиуми.
Руските филијали на овие организации, во кои е вклучена и „Фондацијата Карнеги за меѓународен мир“, се „исклучени од официјалниот регистар на странски невладини организации поради прекршување на постојното законодавство во Руската Федерација“, се наведува во соопштението на руското Министерство за правда.