More

    Телата на некои Палестинци убиени во бомбардирањата на израелските воени сили се чуваат во комбиња со замрзнувачи за сладолед

    spot_img

    Телата на некои Палестинци убиени во бомбардирањата на израелските воени сили се чуваат во комбиња со замрзнувачи за сладолед. Според здравствените власти во Газа, нивното транспортирање во болниците е премногу ризично, пишува Ројтерс. Јасер Али (Јасер), лекар во болницата Шухада Ал Акса, рече дека тамошната мртовечница може да собере само десет тела и затоа донеле замрзнувачи за сладолед од фабриката за да складираат голем број жртви.

    Комбињата обично се користат за доставување сладолед до супермаркетите, но сега се претворени во импровизирани мртовечници. Властите во Газа објавија дека повеќе од 2.200 луѓе досега се убиени во бомбардирањата кои ги врши израелската армија, а кои траат од минатиот викенд.

    Болничките работници зборуваа за „заостанати“ пациенти додека се борат со нови жртви, кои се зголемуваат од ден на ден. Но, Јасер вели дека дури и со замрзнувачите за сладолед, бројот на загинати го „надминува капацитетот“ на главната болничка мртовечница и на други мртовечници.

    – Помеѓу 20 и 30 тела се чуваат во шатори – изјавил тој предупредувајќи ги семејствата дека нема да можат да ги погребаат своите роднини доколку кризата продолжи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img