More

    Путин се пофали дека Русите напредуваат кај Андриивка, Купјанск и во Запорожје

    spot_img

    Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдиивка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади, изјави рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“.

    – Нашите војници ги подобруваат своите позиции во речиси целиот тој многу голем простор – ​​рече Путин во интервју за руската телевизија, чии извадоци денеска на Телеграм ги објави Павел Зарубин, новинарот што го интервјуираше.

    – Тоа се однесува на зоните Купјанск, Запорожје и Авдијивка – додаде Путин и ја пофали стратегијата за „активна одбрана“ која, како што рече, ја спроведува руската армија.

    Од друга страна, извештајот на Институтот за проучување на војната ИСВ од САД од 14 октомври вели дека украинската одбрана успешно се справува со зачестените руски напади. Во извештајот, пак, од последните 10 часа, се вели дека Русите имаат „маргинален“ пробив на север, но и на југ од Авдиивка.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img