More

    Конфликтот во Појасот Газа досега само умерено влијаеше на цената на нафтата, забележуваат аналитичарите

    spot_img

    Конфликтот во Појасот Газа досега само умерено влијаеше на цената на нафтата, забележуваат аналитичарите, објаснувајќи го скокот на цените на проценката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за падот на залихите на крајот на годината.

    „Чувството исто така се подобри откако ОПЕК објави дека очекува залихите на сурова нафта да се намалат за 3 милиони барели дневно во овој квартал. Проценката не ги зема предвид новите можни прекини во снабдувањето поради војната меѓу Израел и Хамас“, посочува еден од нив.

    ОПЕК одделно извести дека барел нафта од нејзините членки во четвртокот паднал за 46 центи на 89,43 долари.

    Инаку, цените на нафтата скокнаа над 89 долари на меѓународните пазари во петокот, откако САД ги воведоа првите казни за сервисирање на руски пратки што ја надминуваат ценовната граница, поттикнувајќи ја загриженоста за снабдувањето. На лондонскиот пазар цената на барелот во петокот попладне беше повисока за 3,30 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 89,30 долари. Речиси исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар, каде се тргуваше по 86,23 долари.

    Пазарите беа потресени на крајот на неделата од американските санкции за сопствениците на танкери кои носат руски барели со цени над 60 долари. Ограничувањето на цените беше воспоставено на ниво на групата Г-7 со цел да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и индиректно, капацитетот за финансирање на војната во Украина. Русија е втор по големина производител на нафта во светот и главен извозник, а построгите контроли на САД врз нејзините испораки би можеле да го намалат снабдувањето.

    Во сабоптата американското Министерство за финансии го воведе првиот сет санкции против две странски бродски компании кои испорачуваа руска нафта со кршење на ценовната граница од 60 американски долари, која Западот ја воведе минатата година, јавија агенциите. Компаниите под санкции се регистрирани во Обединетите Арапски Емирати и во Турција. И двете компании се потпираа на американски даватели на услуги.

    Американските казнени мерки се совпаднаа со конфликтот на Блискиот Исток, клучен регион за производство на нафта, по упадот во Израел од страна на исламистичката палестинска милитантна група Хамас од Појасот Газа и одговорот на израелските вооружени сили.

    Палестина и Израел не можат значајно да придонесат ниту на страната на понудата, ниту на страната на побарувачката на сурова нафта, но она што е важно е што станува збор за регион кој е многу запалив и во кој и најмала искра може да предизвика голем пожар. Не така одамна и конфликтот во Сирија се одрази на цената на суровата нафта, бидејќи целиот регион е логистички важен, објаснуваат аналитичарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img