Повторно хакерски напад врз албанските институции

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повторно хакерски напад врз албанските институции. Овој пат Кибер-армијата на Русија изврши напад врз веб страната на гардата на Република Албанија, јави Ора њуз.

Засега нема други информации околу овој последен напад.

– Во објава на руски јазик на нивните канали, овие хакери повикаа на продолжување на нападите врз веб – страниците на албанските институции, наведува телевизијата.
Цел на истите хакери, претходно била веб-страницата на албанската разузнавачка служба, ШИШ, предизвикувајќи потешкотии во пристапот до неа.

Извор од ШИШ, за телевизијата Топ чанел, која прва ја објави веста, потврдил дека станува збор за напад што не дозволува пристап до официјалната веб-страница, односно дека нападот е извршен само на Интернет страницата која не е поврзана со серверите или архивата на службата.

Телевизијата наведе дека нападот го презеla „ИТ Армијата на Русија“ (IT Army of Russia) која имала „директни врски со руското разузнавање“.

Share This Article