More

    Изетбеговиќ е реизбран за претседател на СДА

    spot_img

    Бакир Изетбеговиќ (67) речиси едногласно беше реизбран за нејзин претседател на Конгресот на Партијата за демократска акција (СДА), што е негов трет мандат.

    Тој беше единствениот кандидат откако не беше прифатена кандидатурата на Шемсудин Мехмедовиќ, а денеска не дојде ни на Конгресот.

    Од околу 1.100 делегати, осум гласале против изборот на Изетбеговиќ за лидер на СДА, а еден бил воздржан од гласање, јавува Н1 Сараево. Со оглед на тоа што ова е негов трет последователен мандат на чело на СДА, според Статутот на партијата, ова треба да му биде и последен пат како претседател на партијата. Неговиот мандат завршува во 2027 година.

    На конгресот присуствуваа амбасадорите на Турција и Кина, како и амбасадорот на Палестина, кој доби огромен аплауз.

    Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод Конгресот на СДА, во пораката до Изетбеговиќ ги истакна „исклучителните односи меѓу Босна и Херцеговина и Турција“, кои, како што рече, се должат на Алија Изетбеговиќ (1925-2003 г. ), основачот на САД и татко на Бакир Изетбеговиќ.

    Ердоган оцени дека стабилноста на СДА е важна за „целосната застапеност на Бошњаците“ и за заштитата на Босна и Херцеговина.

    „Сакам да знаете дека Турција секогаш ќе се спротивставува на секоја неправда и беззаконие кон нашите браќа Бошњаци. Со овие мисли сакам Господ да го направи нашето братство трајно, а нашата љубов вечна“, рече претседателот на Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img