Денеска и утре во земјава ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска и утре во земјава ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Изутринава ќе биде свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 5 до 10, а максималните дневни од 21 до 30 степени.

Слично ќе биде времето и в недела. Утрото ќе биде свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 12, а максималните дневни од 24 до 29 Целзиусови степени.
Во текот на ноќта в недела кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, што ќе предизвика значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата.

На почетокот на следната недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. В понеделник ќе биде променливо облачно и свежо со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 15, а максималните дневни од 16 до 22 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно и свежо со локални врнежи од дожд, особено во северозападните делови од земјата. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 7 до 15, а максималните дневни од 17 до 22 Целзиусови степени.

Share This Article