Мецола и Фон дер Лајен пристигнаа во посета на Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израз на солидарност и порака дека теророт упатија претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кои денеска пристигнаа во посета на Израел.

Се очекува Мецола  да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа.

„Тука сме со порака за солидарност по најтешкиот терористички напад што Израел го издржал со генерации“ – напиша Мецола на социјалните мрежи.

 

Претседателката на Европскиот парламент истакна дека главната заложба ќе биде да се сопре теророт и да се ублажат хуманитарните последици.

„Теророт нема да надвладее. Важно е како ќе реагираме. Можеме – мораме – да го запреме Хамас. И да направиме се што можеме за да ги ублажиме хуманитарните последици“ – додаде Мецола.

Share This Article