Милошоски нема да одговара за злоупотреба на службена дејност, туку само за измама

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратеникот Антонијо Милошоски, неговиот татко и уште 11-мина се спасија од одговорност за злоупотреба на службената положба при продажба на објект во сопственост на општина Македонски брод, откако измените на кривичниот законик го застареа предметот „Моќник“.

На денешното судење, обвинителството согласно измените во кривичниот законик, го променило обвинението кое резултирано со целосно ослободување на 10 лица.

„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа закажана за 09.11.2023 година“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.

На судењето закажано за идниот месец, на обвинителна клупа ќе седнат само Милошоски, неговиот татко и уште едно лице, кои сега ќе се гонат само за измама. За нив и уште десетмината, запре постапката за кривично гонење во која одговараа за злоупотреба на службената положба.

Share This Article