More

    Ковачевски смета дека треба да му се остави простор на овој процес

    spot_img

    Треба да се остави простор и треба да се направи обид процесот со уставните измени да тече побрзо.

    Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски откако претседателот на државата Стево Пендаровски во неговото вчерашно интервју рече дека можеби треба овој процес да се остави за идниот состав на Парламентот.

    – Треба да му се остави простор на ваков процес затоа што ова се одлуки коишто, за жал, секогаш има некој во политичкиот спектар кој сака да ги искористи за свој личен ќар да игра на емоциите на граѓаните, да игра на популизам. Прво ние ќе се обидеме овој процес да се заврши побрзо затоа што не сакаме другите земји од регионот отидат пред нас – вели Димитар Ковачевски.

    Претседателот Пендаровски во интервјуто посочи дека тој смета дека францускиот предлог е добар и ќе се залага до крај да се случат уставните измени, но доколку сепак до крајот на годинава не се изгласаат, ќе треба да се остават на следниот парламентарен состав.

    – Јас би сугерирал, значи под претпоставка, не можеме ова првото да го направиме, денес, утре, задутре, да не се држиме до рокови, 30 ноември или први декември, до крајот на годината, да ја мавнеме таа работа, да ја ставиме ад-акта и да му дозволиме на утрешниот парламентарен победник и коалиција да се бави со тоа прашање. Бидејќи, со сила убавина не бидува – порача Стево Пендаровски.

    Евроамбасадорот Дејвид Гир не сакаше да ја коментира ваквата изјава и само повтори дека уставните измени треба да се случат што е можно поскоро затоа што се потребни за продолжување на европскиот пат на земјава.

    – Тоа е прашање коешто е во рацете на самата земја и во рацете на Собранието и тие коишто се засегнати од тоа. Се разбира дека тоа е суверена одлука којашто треба да се носи, но штом ќе се донесе таква одлука веќе преминуваме кон следниот чекор, што значи дека земјата продолжува да се придвижува напред на патот кон Европската Унија што значи дека нема други дополнителни одлуки кои што треба да се носат понатаму – вели Дејвид Гир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img