More

    Банкарската асоцијација предупреди дека постојат лажни веб страници од кои се крадат податоци

    spot_img

    Македонската банкарска асоцијација апелира граѓаните да внимаваат  на фишинг пораките кои ги добиваат преку СМС корисниците на платежни картичи.

    Од асоцијацијата ингормираат дека според  она што го пријавуваат клиентите, до нив стигнува СМС порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса” на пратка заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за нелегално преземање на податоци за картички и други лични податоци.

    Оттаму објаснуваат на што да се внимава при плаќањето преку интернет:

    При користење на платежните картички на интернет постојат неколку задолжителни проверки кои мора да бидат направени:

    • Веб страницата треба да биде безбедна (да има иконка катанец пред името)
    • Проверка на називот на веб страницата (посебно делот после точката дали е логичен или намерно направен да ве измами)
    • Користете сигурна интернет конекција (по можност приватна)
    • Доколку се сомневате во веродостојноста на понудата не внесувајте детали од картичката (на пр. телефонски уред за 1 денар, сместување за неверојатно ниски цени, бесплатен авионски билет и сл.)
    • Проверувајте ја состојбата на вашите платежни сметки поврзани со картичките редовно и поставете си лимити за користење на картичките преку интернет

    Од банкарската асоцијација препорачуваат сите можни злоупотреби веднаш да се пријават во банката која ја издала картичката и во надлежните институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img