More

    Илјадници луѓе протестираат во муслиманските земји, но и во Европа во поддршка за Палестина

    spot_img

    Белата куќа објави дека САД ќе внимаваат на таканаречениот „Ден на џихадот“ во петок, 13 октомври, откако поранешниот лидер на Хамас во четвртокот, ги повика муслиманските заедници ширум светот, „јорданските браќа“ да протестираат за поддршка на Палестинците во Газа и да го спроведат „џихадот во пракса“.

    Повикот на Kалид Машаал уследи по ветувањето на Израел да го ескалира својот одговор на нападот на Хамас минатата сабота со копнена офанзива.

    Џон Кирби од Советот за национална безбедност при Белата куќа за новинарите изјави дека САД остануваат „внимателни“ за можните закани за време на таканаречениот „Ден на џихадот“, пишува Њузвик.

    На социјалните мрежи се појавија видеа од жестоки судири кои веќе почнаа, додека полицијата со солзавец се обидува да ги растера демонстрантите. Протестите се шират, а голем број луѓе излегоа на улиците во Либан, Ирак, Иран…

     

     

     

     

     

     

     

    Јорданските безбедносни сили се обидуваат да ги растераат илјадниците демонстранти кои маршираа од главниот град Аман до границата со окупирана Палестина во знак на протест против израелската агресија врз Газа. Масивните протести има и во Багдад, во Ирак. Лидерот на Движењето Садр, Муктада ал-Садр, повика на милионски протест на кој се собраа ирачкиот народ од бројни гувернери по петочната молитва против окупацијата.

    Исто така, највисокиот шиитски свештеник во Ирак Али ал-Систани го повика светот да се спротивстави на „страшната бруталност“ што се случува во Газа и да го спречи Израел да му нанесе дополнителна штета на палестинскиот народ.

    Демонстрации има и во Франција иако земјата ги забрани про-Палестинските протести. Брисел се справува со уличен револт, а момче со палестинско знаме беше уапсено во Велика Британија. Во четвртокот 200.000 луѓе се собраа во Лондон во солидарност со Палестинскиот народ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img