Меѓународниот фонд за деца и млади, УНИЦЕФ, на својот Твитер профил објави за нехуманите услови во кои се нашле децата затекнати во војната на Блискиот Исток.
„Ништо не го оправдува убивањето, осакатувањето или киднапирањето деца – тешки прекршувања на правата што УНИЦЕФ од срце ги осудува“, напишаа тие на „Х“ означувајќи ја целата изјава на нивниот активист.
Меѓу другото, УНИЦЕФ рече: „сликите од Газа се страшни. Меѓу жртвите има и многу деца. Милион луѓе немаат безбедно место. Ова е неприфатливо, насилството мора веднаш да престане“, јави Анадолија.