More

    Мицкоски тврди дека Бугарите нема да влезат во Уставот

    spot_img

    Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    Во утринската емисија на радио „Лидер“, Мицкоски посочи дека сѐ додека е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не дојде до промена на условите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата, нема да се случат промени, како што вели, од принципиелни причини.

    Според Мицкоски, досега Бугарија нема покажано добра волја кон нашата држава.

    – Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат – рече Мицкоски.

    Тој посочи дека не знае друга држава која имала билатерален спор во Преговарачка рамка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img