Суплеменетите за исхрана, витамините и антидепресивите од денеска се продаваат по повисока цена. Владата одлучи повисоката акциза за цигарите да се применува од јануари следната година, а за дополнителни 500 производи се зголемува ДДВ од 5 на 10%.
Меѓу производите кои поскапуваат од денеска се витамините за трудници, додатоци на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца, мултивитамински препарати кои содржат Б, Д и Е витамин, магнезиум, витамин Ц од 1.000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидратација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.
Кај дел од прехранбените производи, пак, кои беа ставени на листата луксузни, данокот ќе се врати на 5%. Од власта признаваат дека имале пропусти во одлуките.