Група навивачи ја пееја усташката песна на натпреварот меѓу Хрватска и Турција.
Хрватската фудбалска репрезентација беше поразена од Турција со 1:0 во квалификациите за ЕП, нема дилема, но однесувањето на групата навивачи може да значи целосен дебакл за огнениот тим во иднина.
Имено, на крајот од првото полувреме група навивачи ги пееја репликите на усташкиот марш:
„Чекор по чекор, млад усташ под знамето. Битката се води, се води, усташкото знаме се вее за слобода и за дом“.
Хрватската репрезентација веќе е на двегодишна условна казна изречена од УЕФА по скандалот со усташкото знаме кај Рујевица на натпреварот против Летонија.
Поради ова веќе ХНС мораше да плати 10 илјади евра, односно илјада места во „Опус Арена“ останаа празни против Турција, па поради овој инцидент на хрватската федерација и се заканува нова казна.
Турција со голот на Барис Јилмаз во 30. минута ја победи Хрватска со 1:0. Тоа беше првиот пораз на Ватрени во квалификациите.