More

    Иран се заканува: Можно е да се отвори втор фронт против Израел доколку продолжат злосторствата во Газа

    spot_img

    Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахиан изјави дека е можно да се отвори нов фронт доколку продолжат израелските воени злосторства против Газа, пренесува Anadolu.

    Абдулајан го посети Ирак, а потоа отпатува за Либан и им коментираше на новинарите на аеродромот во Бејрут за израелските напади врз блокираната палестинска Газа.

    „Дојдовме во Бејрут, заедно со другите муслимански земји, да кажеме гласно дека повеќе нема да толерираме израелски убиства врз луѓето во Газа“, рече Абдулахиан.

    Тој додаде дека Иран ќе продолжи силно да ги поддржува Палестинците.

    „Некои западни претставници прашаа за можноста за отворање нов фронт против ционистичкиот режим на Израел. Реков дека ако ционистите продолжат да вршат воени злосторства, секоја можност постои на страната на отпорот“, рече тој.

    Во рамките на своите контакти во Либан, Абдулајан денеска ќе се сретне со премиерот Неџиб Микати, со претседателот на парламентот Небих Бери и со неговиот либански колега Абдалах Бухабиб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img