Со новиот спот за песната „Spelling“, ќерката на Мадона, Лурдес Леон, позната како Лола, и оддаде почит на својата славна мајка.
Лурдес (26) е музичарка и модел, а откри дека била инспирирана од легендарниот спот на нејзината мајка за песната „Frozen“, пренесува „Дејли мејл“.
Видеото, кое е снимено во „Ашокан Акрес“, има силна конекција со оригиналот од тонот – темно сините нијанси кои преовладуваат и Лола која танцува како да е од гума, со долга распуштена црна коса, до мотив на црна птица и куче.
Лурдес, која во еден момент на видеото се појавува гола, напиша трогателен коментар во кој ја пофали својата 65-годишна мајка, нарекувајќи ја своја муза.
„Ова парче е многу посебно. Тоа е почит на безвременското уметничко дело на мајка ми, ‘Frozen’“, напиша Лурд, која се вика Лолахоле.
Музичкото видео „Spelling“ завршува со голата Лурдes која влегува во реката, а косата нежно ѝ паѓа низ грбот додека полека тоне во водата. „Spelling“ е режиран од Клер Фарин, а продуциран од Изабел Левин.
ФОТО: X