Според каналите Телеграм, каде што првпат се прошири веста, Димитријевиќ починал на почетокот на април на фронтот кај Луганск во источна Украина.
Од МНР за Радио Слободна Европа (РСЕ) велат дека немаат никакви информации за Димитријевиќ – ниту дека заминал во Украина, ниту дека починал.
Стефан Димитријевиќ, попознат како Стефан Балд, беше на фронтот во Донбас во 2014 година, кога учествуваше во конфликтите во Украина како борец на проруската страна, како дел од екстремно десничарско движење наречено „Меѓународна бригада “.
Иако е познато дека Димитријевиќ бил под истрага на Генералното обвинителство во Украина, исходот не е познат.
За учеството во војната во Украина на страната на проруските партии во периодот од 2015 до 2018 година, во Србија беа донесени 32 пресуди и сите врз основа на спогодба за вина. Во 28 случаи судот на обвинетите им изрече условна затворска казна, додека на четири лица им е изречена мерка куќен притвор во траење од шест месеци.
Според пресудите што ги добила РСЕ од Вишиот суд во Белград, дванаесет од триесет и двајцата осудени биле членови на Уните континентал.