Познатиот музичар Лени Кравиц (59) се врати на сцената по подолга пауза со нов музички спот, со кој ги остави сите без зборови.
Кравиц ја заинтригира јавноста со новото музичко видео за песната „TK421“, прикажувајќи ја својата извајана фигура на снимката која ја објави на социјалните мрежи.
Видеото го прикажува Лени кој е потполно гол, додека интимните делови ги покрива само скулптурата која е поставена пред него.
Другата сцена во полн кадар го прикажува пејачот, повторно гол, а овојпат меѓуножјето го прекрива само со својата рака.
Некои од сцените во најавата го прикажуваат Кравиц, облечен во кошула и панталони од крокодилска кожа како заводливо танцува на стол, а потоа полугол шета низ прекрасниот стан во кој бил снимен спотот, позира во када без маица и ги покажува мускулите додека носи големи златни очила.
Спотот излезе денеска во 18 часот.
Освен музичкиот спот, Лени најави уште едно потенцијално музичко изненадување. Во март тој сподели со фановите дека постои голема можност да сними песна со својата ќерка, Зои Кравиц, која ја доби во бракот со Лиса Бонет.