Полициската станица Пробиштип било пријавено дека вчера околу 11.30 часот на местото „Ливади” во атарoт на селото Турско Рудари, пробиштипско, четири лица физички го нападнале и го врзале за дрво Г.К.(53) од село Нивичани, кочанско, кој работел како овчар.
Подоцна тој бил пронајден од жител на Турско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош.
„За случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, по што ќе следува соодветна пријава“ – информира МВР.