Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалицискиот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски додаде дека сѐ додека Ковачевски како кукавица се крие под фустаните на ДУИ, тој ќе остане само на кукавички заканувања.
– Сѐ додека е како кукавица коленичи под фустаните на поголемиот коалициски партнер во Владата, а тоа е ДУИ, за жал ќе остане само на кукавички заканувања, а во суштина делата ќе изостанат – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат.
– Еве јас го повикувам еднаш да се охрабри и да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на коалициските партнери и нека излезе на избори да се соочиме пред граѓаните. И да видиме кој е тој, дали тој навистина ќе нѐ победи, или пак резултатот ќе биде поинаков. Нека не чека, ние сме подготвени уште утре да се распушти Парламентот и веднаш да одиме на избори – нагласи Мицкоски.