Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час.

Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување од 5.000 денари.

– Владата не запоставува. Не не ни качува нашите пензии, за нивните 78% има пари. Сега најавуваат и по 400 евра дополнително да зголемат плати. Имаат провизии, апанажи, гориво без пари. А нас пензионерите не понижуваат. До кога вака со 12 илјади денари пензија. Ни за лекови, нема за храна. Доаѓа зимата нема за греење, струја треба да плаќаме, рече пензионер.

– Плаќам 7.000 за лекови, а земам 16.300 денари пензија, дали треба струја, дали треба храна, облека, ни дрвце немам за греење. Не сме задоволни од зголемување од сегашното 5,3%. Скапотија е голема, не може да се купува храната – истакна пензионерка.

– Треба да стане цела Македонија, и ние сме држава а не само тие што се во власта. Дали има некоја држава без народ. И ние треба да се бориме за оваа држава. Се бориме за минимална пензија, затоа ни избегаа децата надвор од државата. Дали некое дете од луѓето во власта е на работа во странство – праша пензионер од Тетово.

Пензионерите најавија дека во вторник 17 октомври повторно ќе имаат јавен протест и ќе го блокираат истото место.

Share This Article