Со превоз на МНР се преземаат граѓаните од грчката граница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 очекувам утре, во текот на денот да бидат вратени во Македонија, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Амбасадата на Македонија во Каиро е во комуникација со еден брачен пар што се наоѓа во загрозените подрачја во Газа, што е изолиран од Израел, откако не успеале да излезат пред да се затвори единствениот граничен премин со Египет.

– Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и ние можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет за да ги ослободат и да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа – изјави Османи.

Дел од граѓаните кои беа затекнати во загрозените подрачја во регионот на Газа, ноќеска со авион пристигнале во Атина и веќе се на пат кон својот дом.
– Така беа вратени ноќеска петмина, а утринава дополнително 17 од тие дваесетина што беа во загрозените подрачја пристигнаа во Атина и во моментот се на пат кон Солун. МНР организира превоз, ги пречекува на граница и организира превоз до нивните домови – изјави Османи.

Според Османи, првично фокусот бил да се идентификуваат, контактираат и извлечат од загрозените подрачја нашите граѓани, и потоа да се пренесат до Тел Авив, каде имало функционален аеродром. Дел од граѓаните се вратиле преку Јордан, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија. Имало и случаи на граѓани кои одбиле да заминат, но министерот не кажа кокумина се тие.

Шефот на дипломатијата најави дека Владата прави напори да организира лет со кој би се вратиле преостанатите македонски државјани од Израел, за што најави дека ќе информира денеска попладне.

Прашан за коментар за информациите од Еврејската заедница во земјава, за наводно загинати тројца македонски државјани во Израел, Османи рече дека нема такви информации.

Share This Article