Милиони вработени во Германија наскоро би можеле да добијат повисока плата за минимум 500 евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу три милиони вработени во државните и јавните служби во Германија би можеле да добијат 10,5 отсто поголема плата или најмалку 500 евра повеќе месечно.

Ова во средата, 11 октомври, го соопштија германскиот синдикат на вработените во јавниот сектор Ver.di и Здружението на државни службеници (dbb), пренесува магазинот Fenix.

Синдикатите бараат 10,5 отсто поголема плата или најмалку 500 евра месечно повеќе во опсегот на примања и плати за државниот јавен сервис. Зголемувањето на платите би се однесувало на вработените во јавните установи, градинките, училиштата, универзитетите, јавниот превоз, вработените во комуналните претпријатија, во судството, во финансиските и даночните канцеларии, болниците…

Чираките, специјализантите, студентите и привремените работници треба да добијат 200 евра повеќе од тековните месечни примања, а практикантите да се примаат на неограничено време. Времетраењето на колективниот договор треба да биде дванаесет месеци.

- Advertisement -
Ad image

„Јавните услуги се потребни и барани како никогаш досега. Вработените работат на граница на издржливост. Во многу јавни институции границата на оптоварување одамна е надмината“, нагласи претседателот на Ver.di, Франк Вернеке.

Низ државата има 300.000 слободни работни места во јавниот сектор. Во исто време, вработените во јавниот сектор не се добро платени.

„Очекувањата на државните службеници се големи со оглед на понекогаш апсурдните разлики во платите во јавниот сектор. Силно ги советувам домашните работодавци да ги сфатат овие очекувања многу сериозно; притисокот и честопати фрустрацијата е голема. Вработените сакаат нивната работа да биде ценета“, јасно кажа Вернеке.

Share This Article