Мухамед Елмас, прв братучед на Елиф Елмас, со еврогол го запечати триумфот на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години од 2:0 против домаќинот Полска на турнирот во Торун од квалификациите за Европското првенство.
Фантастичниот удар на 17-годишниот офанзивниот играч за врска на Гостивар во 70. минута го воодушеви и полскиот ТВ-коментатор и ја крена на нозе македонската клупа.
„Црвено-жолтите“ имаа водство уште од 12. минута преку Никола Величковски, а Полјаците не реализираа пенал во 27. минута.
Следна пречка за избраниците на селекторот Тони Јакимовски на 14 октомври од 15:30 часот е Германија, која на стартот го декласира Казахстан со 6:0.
Во продолжение, погледнете го голот на Елмас: