Николоски се пожали пред Советот на Европа дека некој го прислушува

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во мојата земја Македонија постои голема загриженост дека Владата незаконски користи злонамерен софтвер за пресретнување на комуникацијата на опозицијата, вклучително и мене, како и на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и други политичари од високо ниво. Побаравме собраниски надзор, но не добивме кредибилен демант дека во Македонија нема надзор на граѓаните со таканаречен злонамерен софтвер или напреден софтвер, кој буквално влегува во домот на граѓаните.

Ова, како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ го изјави во Советот на Европа, Александар Николоски потпретседател на партијата, за време на дискусијата за извештајот на Советот за злоупотреба на прислушувањето.

– Тоа што исто така можам да го кажам е дека ние како најголема политичка партија во Македонија имаме сериозен сомнеж дека сме под континуиран физички надзор како опозициски политичари, што најверојатно незаконски го прават одредени структури кои се во безбедносниот сектор во државата. Тоа што исто така можам да го кажам е дека дел од овој вид на злонамерен софтвер е произведен во Македонија. Една компанија, компанијата „Ситрокс“, веќе е на црната листа на САД токму поради оваа работа – рече Николоски.

Тој, како што информира неговата партија, го поддржа извештајот на Советот на Европа за злоупотреба на прислушувањето.

– Со право се вели дека – Собранието треба да ја осуди употребата на шпионски софтвер од страна на државните органи за политички цели, што е прекршување на правото на почитување на приватниот живот и другите права гарантирани со Европската конвенција за човекови права. Употребата на шпионски софтвер од типот Пегазус треба да се ограничи на исклучителни ситуации како последна мерка, за вистински и сериозни закани за националната безбедност или специфични и дефинирани тешки кривични дела. Државите кои наводно го користеле Пегазус за нелегитимни цели треба да го информираат Собранието и Венецијанската комисија за неговата употреба, да спроведат ефективни истраги и да обезбедат обесштетување на жртвите – рече Николовски.

Николовски смета дека сите земји-членки треба да се воздржат од користење на овој вид шпионски софтвер додека нивната законска рамка за тајно следење не биде целосно усогласена со барањата на Конвенцијата, како што оцени Венецијанската комисија.

– Од 2021 година, различни истражни извештаи открија дека владите на неколку земји-членки на Советот на Европа набавиле и користеле шпионски софтвер наречен Пегазус. Владата на мојата земја е една од нив. Големо прашање е, како се користи и за што? Постои големо сомневање дека се користи за политички цели при што се кршат човековите права, за ова мора да се спроведе соодветна истрага, а одговорните мора да се изведат пред лицето на правдата за криминалот што го направија со незаконско користење на ваков софтвер за незаконско следење и прислушување на опозицијата – рече Николоски.

Share This Article