Рускиот претседател Владимир Путин утрово пристигна во Киргистан, во прва официјална посета на странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење, пренесоа агенциите од Бишкек и Москва.
Путин денеска треба да се сретне со претседателот на Киргистан, Садир Јапаров.
Рускиот претседател утре ќе учествува на самитот на лидерите на Комонвелтот на независни држави, на кој се собрани неколку поранешни советски републики.