Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во напад на украински дрон врз Белгород, соопшти денеска гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
Руската противвоздушна одбрана го соборила дронот над регионот Белгород во јужна Русија но остатоци од него паднале врз објекти и куќа при што загинале три лица, а повредени се најмалку уште две, информира Гладков.
Според него, повредените се во критична состојба и лекарите прават се за да ги спасат нивните животи.