Единаесетмина градежни работници од Македонија, кои успеале да заминат од палестинската област Рамалах на Западниот Брег, се заглавени во Тел Авив, откако денешниот лет во 12.50 часот со компанијата „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул бил откажан, објави медиумите.
Работници добиле уверување дека се прават максимални напори овие и други наши државјани да полетаат од Тел Авив в петок. И амбасадорот и министерот за надворешни работи Бујар Османи ги уверувал дека се безбедни.
Владата во меѓувреме се обидува да обезбеди чартер лет и за овие и за уште многумина кои се наоѓаат среде воена состојба во Израел.