Папата Франциск денеска ја повика исламистичката група Хамас да ги ослободи сите затвореници земени за време на нападот врз Израел викендот, истовремено изразувајќи сериозна загриженост за „целосната блокада“ што еврејската држава ја воведе на Појасот Газа.
„Се молам за оние семејства чие празнување се претвори во ден на тага и барам заробениците веднаш да бидат ослободени“, рече папата за време на својата неделна аудиенција.
Во врска со реакцијата на Израел на нападот на Хамас, папата рече: „Право на оние кои беа нападнати е да се бранат, но јас сум многу вознемирен од целосната блокада во која живеат Палестинците во Газа, каде што има и многу невини жртви“.
„Тероризмот и екстремизмот не помагаат да се реши конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, туку водат само до омраза и суровост. На Блискиот Исток не му е потребна војна“, додаде папата Франциск.