Израел изврши напад на либанска територија откако беа истрелани противтенковски проектили врз воена станица на израелските одбранбени сили во близина на границата со Либан, соопшти ИД во средата, а потврди Си-Ен-Ен.
Либанската група Хезболах соопшти дека пукала врз израелска локација со „водени проектили“ како одговор на убиството на тројца нејзини членови во понеделникот.
Ракети беа истрелани од јужен Либан кон Израел во вторникот, според Ал Манар, либански весник во сопственост на Хезболах. Хезболах не тврдеше дека ги истрелал ракетите.
ИД соопшти дека одговорила со артилериски оган, што е уште еден знак за зголемени тензии долж северната граница на Израел со Либан.
Хезболах го напаѓа Израел од север и тие веќе беа во отворен конфликт со Израел во 2006 година. Шиитската воена група поддржана од Иран претходно соопшти дека ја поддржува борбата на Хамас и Палестинците „против ционистичкиот режим“.