Откако неодамна беше потврдена суспензијата на играчот на Јувентус, Пол Погба, сега уште еден играч е во неволја.
Младиот играч за врска на Старата дама, Николо Фаџоли е под истрага за нелегално обложување, пренесуваат италијанските медиуми.
Во Италија, обложувањето на спортисти не е забрането освен ако тоа е дисциплина во која спортистот е ангажиран и ако се обложува на нелегални платформи.
Во случајот со Фаџоли се работи за истрага за нелегални обложувалници, а доколку биде прогласен за виновен ќе се соочи со драконска казна.
Да потсетиме, Јувентус по осум одиграни кола во Серија А е на третото место со 17 бодови.