More

    Само 16 пратеници гласаа против укинувањето на апанажата

    spot_img

    Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил објави дека само 16 пратеници од вкупно 120 гласале за укинување на апанажата на јавни функционери.

    Предлог законот беше поднесен од Левица со објаснувањето дека најголем дел од министрите коишто повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа.

    – За укинување на АПАНАЖАТА на јавните функционери гласаа само 16 пратеници. Толку е постот. #ЕпаЧорбаЕпаМакедонче #ПакДаСиГиГласате“ – напиша Апасиев.

    Ставот на Левица, по ова прашање беше: „Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето – плата којашто тој ја зел последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин. Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн. Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100% од платата којашто ја зеле додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци. Додека пак, едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години!“.

    Барање за апанажа до Собранието досега доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    Пред извесно време Собранието им одобри апанажа во траење од 9 месеци на ексминистрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани.

    Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img